10 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРакометарите ремизираа со Словенија

Ракометарите ремизираа со Словенија

mk slovenija

Ракометната репрезентација на Македонија одигра 28:28 со Словенија, во првиот контролен меч, кој е дел од подготвките за настап на ЕП во Полска.

На натпреварот во Кршко на двете селекции им припадна по едно полувреме, Словенците беа подобри во првото, по кое стекнаа предност од три гола (13:10).

Во вториот дел Македонија успеа да ја стигне предноста на домашната репрезентација и да поведе со два гола разлика (18:20). Словенците возвратија со серија од три гола и во последните десет минути влегоа со предност од 25:22.

Финишот и припадна на македонската селекции, која успеа да ја анулира предноста на Словенија од 28:26, а потоа во последниот напад и да го одбрани нерешниот резултат.

Кире Лазаров со седум голови беше најефикасен во македонската репрезентација, Митков постигна четири, а Ојлески и Прибак по три гола.

Денеска, Словенија и Македонија ќе одиграат уште еден натпревар, тој ќе започне во 18:30 часот.

Веднаш по мечот во Цеље македонските ракометари се враќаат во Скопје каде ќе продолжат со подготвките, а на 10-ти и 11-ти јануари ќе одиграа две пријателски средби со Црна Гора.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП