8 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБарселона ги регистрираше Арда Туран и Видал

Барселона ги регистрираше Арда Туран и Видал

turan vidal 34

Фудбалскиот клуб Барселона денеска ги регистрираше Арда Туран и Алеш Видал, кои во летниот преоден рок пристигнаа на „Ноу Камп“, но поради суспензијата на ФИФА на каталонскиот клуб, тие немаа право на настап во првиот дел од сезоната.

Заедно со Арда Туран и Видал, Барселона, во сите категории регистрираше вкупно 77 фудбалери.

Од каталонскиот клуб открија дека Арда Туран ќе го носи бројот 7 на својот грб, кој до заминувањето во Челзи го носеше Педро, а во минатото го носеле Луис Фиго, Хенрик Ларсон и Давид Виља. Видал го одбра бројот 22, кој го носеше и во Севилја, а минатата сезона овој број беше во сопственост на Дани Алвеш, кој од почит кон Чави Ернандес, оваа сезона го носи бројот 6.

Засилувањата Туран и Видал би можеле да дебитираат за Барселона в среда, во натпреварот од домашниот Куп, против Еспањол.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП