3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОХокеарски спектакл на отворено, Монтреал славеше над Бостон

Хокеарски спектакл на отворено, Монтреал славеше над Бостон

7064218-3x2-700x467

Хокеарите на Монтреал славеа над Бостон со 5:1 во спектаклот на речен NHL Winter Clasico, кој го следеа 67.246 гледачи. Натпреварот се одигра на стадионот Фоксбору, во предградието на Бостон, место каде своите натпревари како домаќини ги играат шампионите во американски фудбал Њу Ингланд.

Бостон и Монтреал ја продолжија традицијата која започна во 2008 година, првиот натпревар во NHL лигата да биде одигран на отворено, на стадионите на кои се игра американски фудбал и бејзбол.

Гостите се многу поуспешни на овие натпревари, триумфот на Монтреал беше шести за гостинските тимови во овој новогодишен спектакл.

Голманот на Монтреал, Мајк Кондон, блескаше на овој меч, тој успеа да одбрани 24 од 25-те удари кои беа упатени кон неговиот гол. Белески беше стрелец на единствениот гол за Бостон, додека за Монтреал погодија Дешарне, Бајрон, Галагер, Пакиорти и повторно Бајрон.

Монтреал со оваа победа се искачи на челната позиција во Атлантик дивизијата со 47 бодови, еден повеќе од Флорида и три повеќе од Бостон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП