22 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОХидинк: Проблемот не е само во Диего Коста

Хидинк: Проблемот не е само во Диего Коста

Costa

Менаџерот на Челзи, Гус Хидинк, смета дека не е само Диего Коста одговорен за неефикасната игра на тимот во оваа сезона.

Бразилецот со шпански пасош има постигнато само пет голови, тој го пропушти натпреварот со Манчестер Јунајтед, но ќе биде во тимот на дуелот со Кристал Палас, кој ќе се одигра во понеделник.

„Диего секогаш е фокусиран на својата работа. Тој е темпераментен и сака да постигнува голови, но тоа не може да го стори сам и останатите играчи мора да ги одиграат своите улоги. Не треба само тој да постигнува голови. Нашите играчи од средниот ред и останатите напаѓачи се технички добри фудбалери, но тој свој квалитет мора да го покажат“, рекол Хидинк.

Во пресрет на натпреварот со Кристал Палас, Челзи се наоѓа на 14-то место на премиерлигашката табела.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП