21 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНБА: Во дербито Мајами подобар од Далас

НБА: Во дербито Мајами подобар од Далас

la-sp-nba-20160102-001 (1)33

Во дербито на вечерта во Мајами Хит со 106-82 го совлада Далас Маверикс, понесени од Вајтсајд.

Центарот Хасан Вајстајд постигна 25 поени и оствари 19 скокови. Ѕвездата на Мајами, Двејн Вејд оствари 10 поени со 7 асистенции, и само десетти пат во 13-годишната кариера мечот го започна од клупата за резерви, поради проблеми со грипот. Тимот од Далас го одигра еден од своите најслаби натпревари сезонава, а нивниот прв стрелец Хозе Хуан Бареа постигна само 6 поени, додека ветеранот Дирк Новицки остана на 11 кошеви.

Торонто Репотрс на својот паркет славеа со 104-94 против Шарлот Хорнетс, а играч на вечерта беше бекот на домашните ДеМар ДеРозан со 23 коша. Чикаго Булс беа убедливи, со 108-81 против Њујорк Никс, а „биковите“ ги имаа расположените Џими Батлер (23 поени), По Гасол (17) и Никола Мироти (17 кошеви). Кармело Ентони со 20 и Хозе Калдерон со 18 беа најдобрите поединци кај Никси, кои го загубиле петтиот во последните шест мечеви.

ЕлЕј Лејкерс со 93-84 ги совладаа гостите од Филаделфија, во дуелот на најслабите екипи во НБА лигата сезонава. Лоу Вилијамс со 20 и Џордан Кларксон со 19 поени беа најдобрите во само седмата победа на славните „езерџии“, додека Нерленс Ноел со 15 кошеви ги предводеше гостите, кои по овој пораз останаа на само три победи.

Вашингтон Визардс во својата сала со 103-91 го совлада Орландо Меџикс. Домашните мечот го решија во последната четвртина кога направија серија до 15-3, за што најзаслужни беше Џон Вол, со 24 поени и 13 додавања. Кај Орландо, кој го загуби вториот меч во последните осум, најдобри беа Виктор Оладипо со 20 и Ник Вукчевич со 14 кошеви.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП