12 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПревц победи во Гармиш

Превц победи во Гармиш

превц

Словенецот Петер Превц победи вчера во Гармиш Партенкирхен, што е негова прва победа на традиционалното новогодишно натпреварување Четири скокалници.

Генет Гангнес од Норвешка се најде на втората позиција, додека третопласиран во Гармиш Партнекирхен беше домашниот миленик Северин Фројнд, кој победи на првата станица од Новогодишната турнеја, во Оберсдорф.

Превц, кој беше трет во Оберсдорф, го презеде водството во натпреварување Четири скокалници со вкупно 576,2 поени, пред Фројнд со 564 и Австриецот Михаел Хајбек со 551 поен.

Натпреварувањето продолжува во Инсбрук (3.јануари, 14 ч) и Бишофсхофен (5.јануари, 17 ч).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП