Вториот пораз на Голден Стејт и третата победа на Филаделфија ги одбележаа натпреварите во НБА кои се одиграа во ноќта помеѓу средата и четвртокот.
Далас го искористи неиграњето на Стеф Кари и славеше убедливо против шампионите со 114:91, додека Филаделфија третата сезонска победа ја забележа во Сакраменто (110:105).
Далас до победата го предводеа Хуан Хусе Бареа со 23 поени, Дирк Новицки со 18 поени и Грузиецот Заза Пачулија со 14 поени и 15 скокови.
Најефикасен кај Голден Стејт беше Иан Кларк со 21 поен, додека во отсуство на Кари потфрлија Клеј Томпсон (10 поени) и Дрејмонд Грин (11 поени).
Филаделфија славеше втор пат на последните три натпревари, а на мечот во Сакраменто шестмина играчи постигнаа двоцифрен број на поени. Нерленс Ноел со 20 кошеви беше најефикасен кај Филаделфија, на споротивната страна се истакна Марко Белинели со 28 поени.
Коби Брајант, кој ја игра последната сезона во кариерата, со звирежи беше дочекан во Бостон, кои набргу беа заменети со силни овации од трибините. На теренот на најголемиот ривал на ЛА Лејкерс, во Бостон, беше присутно и семејството на Брајант. Инаку, Коби со 173-тиот „дабл дабл“ во кариерата (15 поени, 11 скокови), ги предводеше Лејкерси до победата 112:104.
Резултати: Шарлот-ЛА Клиперс 117:122, Орландо-Бруклин 100:93, Бостон-ЛА Лејкерс 104:112, Торонто-Вашингтон 94:91, Чикаго-Индијана 1012:100, Минесота-Јута 94:80, Далас-Голден Стејт 114:91, Сан Антонио-Феникс 112:79, Портланд-Денвер 110:103, Сакраменто-Филаделфија 105:110.