21 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАфера ФИФА: Швајцарците ги предадоа доказите

Афера ФИФА: Швајцарците ги предадоа доказите

1493337_full-lnd

Швајцарските власти на американските колеги им ги предале доказите врзани за корупцискиот скандал во Светската фудбалска организација (ФИФА).

Доказите се во врска со банкарските сметки, кои наводно се користени за поткуп, односно за добивањето на маркетинг правата од фудбалските турнири во Латинска Америка и САД, се наведува во соопштението.

Доказите ќе бидат употребени против неколкумина високи функционери на ФИФА, кои се осомничени за примање на поткуп и други кривични дела.

Швајцарските власти, исто така соопштија дека ‘замрзнале’ 13 банкарски сметки, на кои има повеќе од 80 милиони долари, се додека на заврши постапката.

ФИФА, во своето сооптение вели дека ‘ќе соработува и дека ќе ги достави сите релевантни информации’, кои им се потребни на истражителите во Швајцарија и во САД.

Американските власти, деновиве побарале и докази поврзани за швајцарската маркетинг агенција ISL, која соработувала со ФИФА. Истрагата за ISL се води под сомение дека претседателот на ФИФА, Сеп Блатер, преку оваа маркетинг агенција поткупил неколкумина високи функционери, меѓу кои и својот претходник Жоао Авеланж во 2001 година.

Сеп Блатер, пред десет дена поради друг случај, заедно со првиот човек на УЕФА, Мишел Платини, доби осумгодишна суспензија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП