11 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФенер славеше над ПАО

Фенер славеше над ПАО

pero-fener

Комплетирано е првото коло во Топ 16 фазата, во кошаркарската Евролига. Фенербахче, на Перо Антиќ, славеше над Панатинаикос во Е групата, додека актуелниот европски првак Реал, во последните секунди обезбеди победа над Бамберг, во Ф групата.

Дуелот во Истанбул беше пресметка на учителот (Жељко Обрадовиќ) и ученикот (Александар Ѓорѓевиќ), а победи домашниот тим со 82:75. Почетокот на мечот, кога Фенербахче стекна предност од 14:0 ја трасираше победата на турскиот тим, иако Панатинаикос во финишот на третиот период успеа да стигне до предност (56:58).

Перо Антиќ во последната минута ја постигна клучната тројка со која Фенер стекна двоцифрена предност и ја обезбеди победата. Антиќ мечот го заврши со 12 поени (3/6 за три) и пет скока. Јудох со 16, односно Датоме со 15 поени го предводеа Фенер до победата.

Драматичен меч одиграа Ефес и Црвена ѕвезда, а до победата стигна турскиот тим благодарение на Дарио Шариќ кој постигна поени на три секунди до крајот и го постави конечниот резултат 85:84. Црвена ѕвезда го загуби овој меч иако во 28 минута водеше со 70:55.

Реал славеше над Бамберг со 82:79 балгодарение на Серхио Родригез кој мечот го заврши со 22 поени, три скока и осум асистенции. Родригез ја постигна клучната тројка на мечот на 20 секунди до крајот. Инаку Бабмерг, во Мадрид, имаше константна предност, на моменти и од 14 поени, но не успеа да го издржи притисокот.

Група Е:

Анадолу Ефес-Црвена ѕвезда 85:84

Цедевита-Локомотив 75:89

Фенербахче-Панатинаикос 82:75

Уникаха-Дарушафака 70:62

Група Ф:

Жалгирис-Лаборал Куча 68:89

Реал-Бамберг 82:79

Химки-ЦСКА Москва 91:89

Олимпијакос-Барселона 74:62.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП