28 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБарса со рекорд му го честиташе јубилејот на Меси

Барса со рекорд му го честиташе јубилејот на Меси

баррррр

Фудбалерите на Барселона триумфално ја завршија 2015 година, откако со 4:0 го совладаа Бетис, во рамките на 17.коло во Примера. Дуелот со Бетис беше 500-ти во дресот на Барселона кој го одигра Лионел Меси. Инаку во оваа рунда победи забележаа и мадридските тимови Реал и Атлетико, кои заедно со Барселона ќе се борат за шампионската титула.

Пред почетокот на натпреварот со Бетис, на теренот на Ноу Камп беа покажани петте трофеи кои Барселона го освои оваа година, единствен пехар кои не заврши во витрините на каталонскиот тим е оној во Суперкупот на Шпанија.

Барса во 28.минута доби подарок пенал, кој Нејмар не го реализира, но одбиената топка Вестерман ја смести во сопствената мрежа. Полувремето заврши со 2:0, откако Меси постигна гол, а триумфот на Барселона го потврди Луис Суарез со двата гола во вториот дел.

Барселона со постигнатите четири гола стигна до бројката од 180 голови во 2015 година што е апсолутен рекорд во светскиот фудбал.

Меси со гол, негов 425 во дресот на Барса, го прослави јубилејниот 500-ти натпревар во дресот на блауграна.

Барселона во новата година ќе влезе од првото место на табелата со 38 бодови, колку што има и Атлетико, но Барса има и натпревар помалку. Реал е трет на табелата со 36 бода.

Атлетико како гостин славеше против Рајо Ваљекано со 2:0. Головите ‘јорганџиите’ ги постигнаа во 88. И 90.минута преку Кореа и Гризман.

Примера, 17.коло:

Леванте-Малага 0:1

Реал Мадрид-Реал Сосиедад 3:1

Рајо Ваљекано-Атлетико МАдрид 0:2

Севилја-Еспањол 2:0

Еибар-Спортинг Хихон 2:0

Барселона-Бетис 4:0

Селта-Атлетик Билбао 0:1

Хетафе-Депортиво 0:0

Лас Палмас-Гранада 2:1.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП