19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовото лице на Citroen C4 Picasso

Новото лице на Citroen C4 Picasso

citroenp

„Citroen“ ги објави првите официјални фотографии и технички детали за новата генерација на моделот „C4 Picasso“, откако на саемот на автомобили во Женева ја претстави новата концептна верзија, „Technospace“.

Сериската верзија која можеме да ја видиме на сликите е практично идентична на концептот од Женева кој беше претставен пред еден месец.

Иако новиот „C4 Picasso“ веќе на прв поглед го открива препознатливиот дизајнерски печат на „Citroen“, а се приметуваат значајни разлики на надворешниот изглед на автомобилот во однос на актуелниот модел.

citroenp1

Најинтересен нов детал на ова возило се предните светлосни групи. Тие сега се поделени на два сегменти и така во горниот дел се наоѓаат дневни LED светла.

Во долниот агол сместени се кратките и долгите фарови.

Во споредба со претходната верзија новиот „C4 Picasso“ има робустен и подигнат преден дел со масивна маска на ладилникот.

Автомобилот е поставен на „EMP2 (Efficient Modular Platform 2)“ платформата, а димензиите се идентични како „Technospace“: должина 4,43 m, ширина 1,83 m и висина 1,61 m.

citroenp2

Иако новата генерација е пократка за 40 mm и пониска за 50 mm од претходната верзија, од францускиот производител објасуваат дека новиот „C4 Picasso“ е простран од стариот.

Тоа е постигнато пред се поради зголеменото меѓуосовинско растојание за 55 mm (на 2.785 mm) и намалениот преден дел на каросеријата за 70 mm. Покрај се, возилото е пошироко од претходникот и тоа за 82 mm во висина на предните тркала, а 31 mm во нивото на задните.

Новиот „C4 Picasso“ нуди за 40 литри поголем багажен простор. Неговата запремнина сега изнесува 537 литри (637 литри со задните седишта кои може да се поместуваат напред-назад).

citroenp3

„Citroen“ се погрижи освен  пространата кабина на патниците да им понуди и квалитетен и богато опремен ентериер. Овие унапредувања ја вклучуваат употребата на две бои во декорот на седиштата, внатрешната облога на вратите и инструмент таблата, како и стандарден 7 инчен екран осетлив на допир, преку кој може да се управуваат големиот број на функции и системи, како клима уредот, навигацијата, мултимедиите, поврзување со паметни телефони и многу други функции.

Над овој екран се наоѓа многу поголем 12 инчен дисплеј со HD резолуција. На него се прикажуваат важни информации и параметри за возењето, но може да се подеси за да се користи како навигациски екран.

Во задниот дел се наоѓаат три одвоени седишта чии позиции може да се подесуваат независно.

citroenp4

Една од најважните карактеристики на новиот „Citroen C4 Picasso“ е новата EMP2 платформа. Таа е изработена од комбинации на алуминиум и челик и допринесува за намалување на вкупната маса на возилото за 70 kg.

Истовремено „Citroen“ успеа да ја намали CO2 емисијата на новиот модел под 100 g/km. Станува збор за верзијата која се придвижува на e-HDI моторот со 95 ks во комбинација со stop/start системот. Според фабричките податоци просечната потрошувачка кај оваа варијанта изнесува 3,8 литри на 100 km.

citroenp5

Освен овој мотор купувачите на раполагање ќе имаат уште еден дизел со 114 ks, како и два бензински мотори VTi од 120 ks и THP кој развива 156 ks.

Новиот „Citroen C4 Picasso“ ќе се произведува во фабриката во Шпанија, а според информациите може да се очекува во продажните салони во текот на летото 2013-та година. Верзијата со седум седишта е планирана за наесен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП