16 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМЗТ победи во Градски Парк

МЗТ победи во Градски Парк

kosarka-basket-

Кошаркарите на МЗТ со победа ја завршија 2015 година, откако славеа во вечното дерби против Работнички. ‘Металците’, на теренот на противникот триумфираа со 86:75.

Работнички на актуелниот шампион имаше сили да му парира само во првото полувреме, кое МЗТ го доби со три поени (40:43). Во второто полувреме, поточно во третата четвртина, МЗТ го искористи своето најсилно оружје, подолгата клупа, и стигна до 12-та победа во првенството. Третиот период МЗТ го доби со 33:17.

Победникот до победата го предводеа Дреновац со 27, односно Стојановски со 18 поени, додека ветераните Чековски со 23 и Мираковски со 20 поени беа најефикасни во редовите на Работнички.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП