18 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗBMW M4 претворен во суперавтомобил (фото)

BMW M4 претворен во суперавтомобил (фото)

gt3 00

Тунинг работилницата од Детроит – „Hoffy Automobiles“, претстави програма за доработка на моделот „BMW M4“ кој ќе наликува на тркачко возило од категоријата „FIA GT3“. По интервенцијата на експертите од американското студио моќноста на моделот ќе биде зголемена од 431 на 720 КС.

Автомобилот ќе го добие името „Mamba GT3 Street Concept“, а ќе биде опремен со истиот 6-цилиндричен твин-турбо мотор со кој располага и стандардната „М4“. Моторот сепак ќе биде детално обработен, а детали за тоа допрва треба да бидат претставени.

gt3 01

Новиот суперавтомобил ќе забрзува од 0 до 96 км/ч (60 милји) за 3,1 секунди и ќе развива максимална брзина од 340 км/ч. За споредба стандардната „BMW M4“ го прави истото за 3,9 секунди со автоматски менувач и за 4,1 секунди со мануелен. Кај него брзината е ограничена на 250 км/ч.

Возилото ќе добие аеродинамична каросерија од композитни материјали, развиен од компанијата „Casborn Styling Studio“. Во кабината на автомобилот ќе се појават спортски седишта и волан, како и селектор на преносот, обвиткан во алканатара.

gt3 02

Освен тоа, за машината е подготвен посебен проекциски дисплеј кој ќе личи на оној што се користи во авионите-ловци. Машината ќе биде опремена и со стерео со моќност од 600 вати.

Од компанијата производител соопштија дека проектот „Mamba GT3 Street Concept“ е во финална фаза и резултатот ќе биде претставен во февруари 2016-та година. Тогаш ќе стане позната и цената на доработката.

gt3 03

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП