ATP на својата официјална интернет страница се обиде да ја открие тајната зошто Новак Ѓоковиќ е толку доминатен во тенискиот свет. Српскиот тенисер, зад себе има една од најуспешните сезони во историјата на тенисот, во која освои 11 титули.
Ѓоковиќ во 2015 имал најдобар процент на освоени гемови на сервис на противниците (34 отсто), односно се наоѓа на петтото место, според освоените гемови на свој сервис (89 отсто).
Подобри во овој сегмент се само врвните сервери Карловиќ, Раониќ, Иснер и Федерер. Доминацијата на Ѓоковиќ му ја носи убиствената комбинација на добрите сервиси и најдобриот ритерн во историјата.
„Денешните можни сервери добро знаат колку е опасен ритернот на Ѓоковиќ. Тој успева да го неутрализира нивното најопасно оружје и да ги остави без лесни поени. Но кога ќе се погледне статистиката, таа открива дека Ѓоковиќ поседува арсенал кој е многу повеќе од неговиот можен ритерн“, пишува ATP.
Инаку, во анализата се споредуваат двете најдобри сезони на српскиот тенисер 2011 и 2015. Ѓоковиќ никогаш немал толку успех кога се во прашање освоените поени на првиот сервис (60 отсто, во 2011 56 отсто), освоени гемови (89 отсто во 2011 86 отсто) и спасени брејк топки (68 отсто, во 2011 65 отсто).
Покрај ова во анализата се истакнува и неверојатниот однос на победи и порази кои Ѓоковиќ го има против тенисерите од Топ 10. Во 2015 година тој против играчите од Топ 10 одиграл 36 мечеви и победил на 31 од нив.