2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЗаминувањето на Мурињо ја подобри атмосферата

Заминувањето на Мурињо ја подобри атмосферата

4408

Фудбалерот на Челзи, Џон Оби Микел, рекол дека отказот кој го доби Жозе Мурињо и доаѓањето на Гус Хидинк ја вратил позитивната атмосфера во тимот.

Челзи по заминувањето на Мурињо, славеше над Сандерленд (3:1), а потоа две средби со Хидинк на клупата одигра нерешено, против Ватфорд (2:2) и Манчестер Јунајтед (0:0).

„Сега сè е во ред и се надевам дека ќе почнеме да бележиме подобри резултати. Жозе е одличен стратег, но не е секогаш таков и како човек. Фудбалот некогаш знае да биде свиреп и тогаш мораш да најдеш сили за да продолжиш понатаму. Ќе видиме дали неговото заминување беше вистинскиот потег“, рекол Нигериецот.

Челзи под водство на Хидинк првата победа ќе ја бара на 3.јануари, кога ‘сините’ ќе играат против Кристал Палас.

„Гус смени малку работи. Но да се разбереме, ние не сме без причина во долниот дел од табелата, но секако дека сакаме да го поправиме нашиот пласман. Три натпревари сме без пораз и тоа значи дека малку напредувавме“, дополнил Микел.

Челзи по 19 натпревари во Премиерлигата се наоѓа на 14-то место на табелата со 20 бодови, 19 помалку од лидерската двојка Арсенал и Лестер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП