20 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОПремиерлига: Без победник во дербито

Премиерлига: Без победник во дербито

6678485

Лестер и Манчестер Сити одиграа 0:0, во претпоследниот натпревар од 19.коло во англиската Премиерлига.

Натпреварот во Лестер донесе динамичен фудбал, неколку добри шанси на двете страни за постигнување на гол, но на крајот мрежите мируваа.

Најсериозната прилика ја имаше Варди во финишот на првото полувреме, кога од 14 метри биеше високо над голот.

По овој меч Лестер се израмни на врвот со лидерoт Арсенал, овие два тима имаат по 39 бодови, Манечстер Сити е трет со 36, а четири бода помалку од лидерската двојка има Тотенхем.

Последниот меч оваа година во Премиерлигата ќе се одигра денес помеѓу Сандерленд и Ливерпул.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП