25 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФројнд победи во Оберстдорф

Фројнд победи во Оберстдорф

фројнд

Германецот Зеверин Фројнд победи на првата станица на Новогодишната турнеја, Четири скокалници. Фројнд на скокалницата во Оберстдорф победи со скоковите од 126 и 137 метри. Победата на Фројнд е прва за Германците во Оберстдорф уште од сезоната 2002/2003.

Зад Фројнд на скокалницата во Оберстдорф се пласираа Австриецот Михаел Хајбек (130 и 139 метри) и Словенецот Петер Превц (129,5 и 130 метри).

Најдобрите тројца ги следеа Андерс Фанамел од Норвешка, јапонскиот ветеран Нориаки Касаи, Кенет Гангес од Норвешка, Штефан Крафт од Австрија, Јохан Андре Форфган од Норвешка.

Најдобрите ски скокачи сега се селат во Гармиш-Партенкирхен, каде в четврток на програмата се квалификациите, а в петок е главното натпреварување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП