21 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОЦрвена ѕвезда го потврди интересот за браќата Бабунски

Црвена ѕвезда го потврди интересот за браќата Бабунски

braka-babunski 00

Спортскиот директор на фудбалскиот клуб Црвена ѕвезда, Блажо Раосављевиќ потврди дека браќата Бабунски се интересни за клубот, но дека досега немало никакви контакти.

„Спортскиот дел на клубот ги скенираше браќата Бабунски, постои интерес од наша страна, но во овој момент тоа е сè. Официјални контакти не сме имале“, рекол за весникот Спорт, Раосављевиќ.

Браќата Бабунски во моментов играат за Барселона Б, односно Фуенлабрада. Давид (21) е македонски репрезентативец и член на Барселона Б, но наводно сакаaт да зaмине во екипа каде ќе добие повеќе можност да ги покаже своите квалитети.

Дориан (19) сè уште нема настап за сениорската репрезентација на Македонија, а во моментов игра во Фуенлабрада, каде го тренирa прославениот напаѓач на Реал и Монако, Фернандо Мориентес.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП