19 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОНБА: Трип-дабл на Стеф Кари

НБА: Трип-дабл на Стеф Кари

kari 398

Единаесет натпревари се одиграа во НБА лигата, во ноќта помеѓу понеделникот и вторникот. Најдобриот тим во лигата Голден Стејт, предводен од триото Кари-Томпсон-Грин ја забележа 29-та победа во 30-от натпревар сезонава. Покрај Голден Стејт триумфи забележаа уште Сан Антонио, Кливленд, Чикаго, Далас, Индијана…

Голден Стејт, во дербито на Калифорнија, славеше над Сакраменто со 122:103, во натпревар во кој Стеф Кари го забележа третиот ’трипл дабл’ во кариерата. Кари натпреварот го заврши со 23 поени, 14 скокови и 10 асистенции. Најефикасен кај Голден Стејт беше Клеј Томпсон со 29 поени, а уште еден одличен меч одигра Дрејмонд Грин (25 поени, осум скока).

Во редовите на Сакраменто брилијантен беше Израелецот Омри Каспи (36 поени, 6 скока), но не доби вистинска помош од соиграчите. Сакраменто во третата четвртина остана без Демаркус Казинс кој беше исклучен.

Сан Антонио е единствениот тим кој го следи Голден Стејт. Спарси против Минесота ја запишаа 27-та победа во 33-от сезонски натпревар. До победата од 101:95 Спарси ги предводеа Кави Ленард и Бобан Марјановиќ со по 17 поени.

Инаку Сан Антонио против Минесота ја забележа 18-та победа на домашен терен и стана само третиот тим во историјата на лигата, по Портланд во сезоната 1977/78 и Хјустон во сезоната 1985/86, кој на домашен терен во нова сезона стартувал со најмалку 18 победи без ниту еден пораз.

Кливленд во Феникс ја прекина серијата од два порази, откако триумфираше со 101:97. Леброн Џејмс постигна 14 поени и се искачи на 17-то место на вечната листа на најдобри стрелци. Кливленд го предводеше 22 поени, додека Џеј Ар Смит заврши со 17 поени.

Резултати: Шарлот-ЛА Лејкерс 108:98, Индијана-Атланта 93:87, Орландо-Њу Орлеанс 104:89, Вашингтон-ЛА Клиперс 91:108, Мајами-Бруклин 105:111, Чикаго-Торонто 104:97, Далас-Милвоки 103:93, Сан Антонио-Минесота 101:95, Феникс-Кливленд 97:101, Јута-Филаделфија 95:91, Голден Стејт-Сакраменто 122:103.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП