4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБез победник на „Олд Трафорд“, Арсенал нов лидер

Без победник на „Олд Трафорд“, Арсенал нов лидер

3704

Манчестер Јунајтед и Челзи одиграа 0:0, во дерби натпреварот од 19.коло во Премиерлигата. Арсенал го совлада Борнмут и барем на 24 часа се искачи на лидерската позиција, додека во борбата за првото место се вклучи и Тотенхем кој славеше во Вотфорд.

Мечот на колото го одиграа Евертон и Стоук, кој заврши со триумф на гостите од 3:4.

Јунајтед и Челзи, великаните на англискиот фудбал, кои се наоѓаат во лоша форма, одиграа одлично дерби на „Олд Трафорд“ на кое му недостигаа само голови.

Јунајтед, што е вообичаено за Луј ван Гал, повеќе ја контролираше топката, а во првите 20 минути стативата го спречи најпрвин Мата, а потоа и Марсијал да постигнат гол.

Сепак меч топката не ја резлизираше Немања Матиќ, кој во 79.минута излезе сам пред Де Хеа, но неговиот удар заврши високо над голот на Манчестер Јунајтед.

Манчестер Јунајтед ја прекина серијата од три порази, но ја продлабочи кризата бидејќи веќе осум натпревари нема победа, додека новиот тренер на Челзи, Гус Хидинк и на вториот меч одигра нерешено.

Резултати:
Арсенал-Бормнут 2:0
Вест Хем-Саутемптон 2:1
Манчестер Јунајтед-Челзи 0:0
Евертон-Стоук 3:4
Норич-Астон Вила 2:0
ВБА-Њукасл 1:0
Вотфорд-Тотенхем 1:2
Кристал Палас-Свонси 0:0.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП