19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМЗТ загуби добиен меч

МЗТ загуби добиен меч

basket

Мега Лекс стави крај на победничката серија на МЗТ под тренерската палка на Александар Јончевски, откако во исклучително драматичен меч славеше во Скопје со 77:76.

Решавачката тројка ја постигна крилниот центар на Мега Лекс, Данило Николиќ на две секунди до крајот на мечот.

МЗТ и Мега Лекс одиграа исклучително квалитетен и неизвесен натпревар, преполн со пресврти, кој го реши Николиќ речиси со звукот на сирената, откако претходно ‘металците’ во последната минута промашија пет слободни фрлања.

Мега играше подобро во првото полувреме, кога стекна предност од 11 поени (30:41), но МЗТ во вториот дел успеа да го преземе водството со една одлична серија од 15:2. Во последните 90 секунди се случуваше вистинска драма, кошаркарите на МЗТ не погодија пет од осумте слободни фрлања, а при резултат 76:74 за МЗТ, Данило Николиќ имаше мирна рака погоди тројка и на Мега и ја донесе 11-та победа во АБА лигата.

Урош Луковиќ со 17 поени и седум скока, односно Данило Мијатовиќ со 16 поени го предводеа МЗТ, додека кај Мега Лекс се истакна искусниот Борис Савовиќ кој на дебито во новиот тим постигна 24 поени.

МЗТ по 17 натпревари во АБА лигата има скор од седум победи и десет порази, исто така поразот од Мега беше прв за ‘металците’ по серијата од три победи. Од друга страна Мега со скор од 11 победи и шест порази се зацврсти на четвртото место на табелата.

МЗТ во наредното коло, кое на програмата е на 3.јануари, ќе гостува кај Игокеа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП