2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПромовирани првите македонски спортски амбасадори

Промовирани првите македонски спортски амбасадори

спортски-амбасадори

Премиерот Никола Груевски, во понеделникот, им ги додели плакетите на спортските амбасадори.

Честа први да ја понесат оваа титула им припадна на најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров, фудбалскиот репрезентативец Агим Ибраими, првиот селектор на фудбалската репрезентација Андон Дончевски и одбојкарскиот тренер Јошко Миленковски.

Владата на РМ и Агенцијата за млади и спорт неодамна решија секоја година да именуваат спортски амбасадори, а се размислува тие да добијат и дипломатски пасоши.

Четворицата спортски амбасадори изјавија дека признанието кое го добија за нив претставува голема чест и обврска, во иднина уште подобро да ја претставуваат Македонија во светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП