18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСити нуди 35 милиони евра за Варди

Сити нуди 35 милиони евра за Варди

vardi 00

Манчестер Сити ќе се обиде во јануарскиот преоден рок да го договори трансферот на најдобриот стрелец во Премиерлигата, Џејми Варди. За напаѓачот на Лестер, челниците на Сити се подготвени да издвојат сума од 35 милиони евра.

Варди ја предводи листата на најдобри стрелци во Премиерлигата со 15 голови и заедно со Ријад Марез е најзаслужен што Лестер е лидер во првенството. Планот на Сити е со евентуалниот трансфер на Варди да ги засили своите редови, а во исто време да го ослабне Лестер.

Инаку, како што пренесуваат англиските медиуми, менаџерот на Лестер, Клаудио Раниери, кој изјави дека Варди не е на продажба, веќе имал алтернатива доколку раководстовото на клубот сепак се реши да го продаде својот најдобар стрелец.

Во Лестер, како замена за Варди треба да пристигне 19-годишниот напаѓач на Бирмингем, Демарио Греј.

Лестер Сити е лидер во Премиерлигата со 38 бодови, Арсенал е втор со 36, а Сити е трет со 35 бодови. Лестер и Сити, во вторник, ќе го одиграат дербито во рамките на 19.коло во Премиерлигата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП