2 мај, 2024
ПочетнаНЕДЕЛЕН ХОРОСКОПНеделен хороскоп - 04.01.2016 до 10.01.2016

Неделен хороскоп – 04.01.2016 до 10.01.2016

nedelen-nedelen-horoskop-zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

 

По новогодишните празници голем дел од обврските по дома ќе легнат на вашите плеќи. Не го земајте тоа како казна, туку како потврда дека вие сте всушност одговорна личност која се грижи за куќата и семејството. Периодот не е погоден за патување, за оние од вас кои си подариле малку повеќе викенди и по празниците. Останете дома! Може да подобрите некои работи во домот. Обрнете повеќе внимание на книгите и дадете им предност пред телевизорот. Внимавајте кога станува збор за здравјето. Може да си направите превенција, така што ќе земате повеќе витамини и свежо исцедени сокови.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

 

Првата недела од Новата година започна со остварување на сонот за претставниците на знакот Бик. Се може да биде убаво и хармонично, под услов да го посакате и да направите минимални напори за тоа. Периодот е погоден за грижа за надворешниот изглед. Она што сакате да го промените кај себе ќе се случи токму на начинот на кој сте го замислувале. Во односите со најблиската личност не смеете да си дозволите да сторите нешто погрешно. Почитувајте го неговото право на мислење и слободата на личноста.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

 

Првата недела од Новата година ќе донесе „победа“ за претставниците на знакот Близнаци. Она кон што толку долго сте се стремеле, ќе ви биде послужено на послужавник. Толку лесно, што дури и ќе доживеете мало разочарување од фактот дека работите се реализираа толку лесно. Бидете коректни кон партнерот и споделете ги среќните моменти со него или неа.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

 

Во минатото, празниците можеби оставаа чувство на тага кај вас. Не се предавајте на овие чувства. Празниците се денови во кои се чувствуваме добро и имаме цел пред себе, а првата недела од Новата година е токму такво време. Сега не бидете премногу екстремни во реториката и не правете важни чекори кои ќе влијаат на личниот живот. Размислувајте позитивно и да си ги претставите убавите настани за иднината.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

 

Она што ќе имате најмногу потреба во првата недела е пауза од бурните празници. Некои од вас со задоволство ќе се посветат на работата, се со цел да се отстрани празничната бучава во главата. Сепак, не очекувајте исто и од колегите. На нив ќе им треба повеќе време за заздравување.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

 

Во првата недела од Новата година ѕвездите ве советуваат на одделување повеќе време за осаменост. Важно е да се разберете самите себеси. Вниманието ќе биде насочено кон ситници и решавање на практични прашања. Корисно е сè што може да донесе чувство за ред и организираност во вашиот живот. Добар момент за започнување на здрав начин на живот.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

 

Во првата недела од Новата година ѕвездите ве советуваат да не донесувате импулсивни одлуки, затоа што сега тешко може да се оцени ситуацијата, може да се појават нови фактори кои влијаат на развојот на настаните. Тековните настани ќе ви покажат дали се движите правилно кон своите цели, или е потребно брзо да промените нешто. Обидете се да не биде доцна за нешто важно и да не отстапувате од освојувањето на позиции.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

 

Првата недела во Новата година ќе ве затече во избезумени желби за промени. И тоа големи! Бесмислено е да се противите на таа желба. Само не треба да се откажувате на средина од патот. Ризици секогаш има, но со јасна свест и одговорност преку пречки се поминува лесно, кога придобивките се поголеми. Запомнете дека не постојат целосно позитивни ситуации или луѓе. Сето тоа зависи од тоа како гледате на работите.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

 

Првата недела за претставниците на знакот Стрелец започнува со утврдување на финансиската состојба. Се очекува задоцнета дополнителна награда во работата или дури добивка на лотарија. Она што ќе се бара од вас е да не ја дистрибуирате оваа информација на сите. Зависта може да ви наштети. Има и опасност поради финансиската среќа да го заборавите партнерот. Не го правете тоа! Освен тоа периодов не е погоден за големи купувања.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

 

За Јарците седмицата почнува со една нејасна ситуација, која ќе бара многу сила од нив. Добро е што судбината нема да ве остави и ќе ви дава шанси за справување токму кога најмногу ви треба од нив. Најсмирувачко е дека и за миг нема да се чувствувате несакани. Вашиот колега е до вас и ве поддржува безусловно. Со таква поддршка човек може да направи чуда. Вие не сте исклучок, туку пример.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

 

Првата недела од Новата година е подготвена за изненадувања за претставниците на знакот Водолија. Сега во ваши раце е тоа да бидете уште посреќни, вие и вашето семејство. Она во што ќе ви оди е љубовта. Ве очекува судбоносна средба со претставник на спротивниот пол. Емотивно ќе сте стабилни или пак ќе се чувствувате слободни да ги изразите своите чувства. Не жалете за тоа, секој човек има потреба да се открие. Дисциплината ќе биде на ниво, па не ве очекуваат пречки и во работата. Нека целата година ви оди така.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

 

Првата недела од Новата година ќе ви подари исклучително пријатни емоции. Крајот на распустот ќе ве затече, исполнети со енергија и ништо нема да може да го расипе вашето расположение. Враќањето во канцеларија нема да ве уплаши, туку напротив. Желни сте за докажување. Во викендите одвојте време да излезете со децата и да поминувате повеќе време во активности со нив. Иако студот не е идеален за прошетки во природа, но тоа не е пречка да се облекувате во потопла облека. Двете нешта може да се комбинираат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП