18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЃоковиќ е спортист број 1 во Европа

Ѓоковиќ е спортист број 1 во Европа

nokica 33

Светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ е избран за најдобар спортист на Европа за 2015-та година во традиционалната анкета на полската новинска агенција ПАП, во која учествуваа 22 национални агенции.

Своите гласови ги дадоа холандската агенција АНП, АПА (Австрија), ДПА (Германија), ЕФЕ (Шпанија), ТАСС (Русија) и други официјални агенции на земји од Европа.

Ѓоковиќ победи во анкетата со 199 поени, а притоа го престигна светскиот шампион во Формула 1 и минатогодишниот победник во анкетата – Луис Хамилтон (139 поени).

Трета е светската шампионка на 200 метри трчање, холандската атлетичарка Дафне Схиперс со 79 поени.

Еве ја првата петорка во 58-та анкетата на ПАП:

1. Новак Ѓоковиќ (Србија) тенис 199 поени, 2. Луис Хамилтон (Велика Британија) Формула 1 139 поени, 3. Дафне Схиперс (Холандија) атлетика 79 поени, 4. Пау Гасол (Шпанија) кошарка 72 поени, 5. Кристијано Роналдо (Португалија) фудбал 59 поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП