6 мај, 2024
ПочетнаХОРОСКОПВикенд хороскоп 26-27.12.2015

Викенд хороскоп 26-27.12.2015

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Односите со некое лице од вашата деловна околина ќе бидат во центарот на вашите интереси, особено ако од претходно имате некои нерасчистени сметки. Можна е средба со тешка личност која живее во вашата околина. Во љубовта внимавајте за кого се одлучувате, можете да погрешите во изборот. Проблеми со варењето.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Имaте мало недоразбирање во деловното опкружување, но со малку добра волја се ќе поправите. Ситуацијата е поволна за оние кои се занимаваат со финансии. Во љубовта сте романтични и отворено кажувате што чувствувате. Посветете и повеќе време на вашата здравствена состојба.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Имате големи шанси да склучите добри договори. Можете да очекувате прилив на пари од странство или понуда да преминете во некоја нова компанија. Многу сте амбициозни и тоа јасно го покажувате. Ви се додворува личност која ја знаете од претходно. Уморни сте и потребен ви е одмор.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Држете се на страна од некои случувања, особено ако тие не се однесуваат лично на вас. Не е поволно да навлегувате во ризични работи. Ако планирате купопродажба на недвижнини може да ви изникне некоја поволна прилика. Дадете им приоритет на домашните прашања. Добра здравствена ситуација.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Ќе бидете во прилика да сретнете една многу важна личност која ќе ви даде интересна деловна понуда. Љубовниот живот е многу комплициран, особено ако сте во тајна или паралелна врска. Размислете добро пред да преземете нешто. Проблеми со кардиоваскуларниот систем.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Ве очекуваат промени во односите со партнерот или ако сте подолго време во стабилна врска можно е да размислувате за некој посмел чекор. Околината ги коментира вашите љубовни потези. Бидете воздржани кон лицето кое ви се додворува и се обидува да ве освои по секоја цена. Можни се проблеми со вените.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Можен е краток пат со некое лице кое ви е драго или средба со некој кој одамна не сте го виделе, а многу ви е драг. Надмудрете го деловниот партнер, така што ќе му покажете каде греши, бидете искрени во целост. Здравствената ситуација е одлична.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Прилично сте немоќни да решите една ситуација која не се однесува само на вас, туку веројатно и на лицата од вашата непосредна околина, можно на член од семејството. Нерасположени сте и преосетливи и во љубовта реагирате и на најмалата критика, дури и на добронамерната. Проблеми со несоница.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Ќе бидете во лоши односи и ќе се карате со секој кој ќе ви пријде. Ќе обновите едно важно пријателство од минатото и ќе се обидете да го поправите впечатокот кој го има стекнато таа личност за вас. Можен е пад на имунитетот.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Големи се шансите за неповолен пресврт на ситуацијата со која долго време сте соочени. Ќе ви се случат многу нешта во љубовта. Полни сте со ентузијазам но доколку сте во зрели години, би било добро да внимавате на своето здравје, особено ако страдате од хронични болести.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Ниту една деловна прилика нема да ви се чини идеална. Мечтаете за некоја работа, каде ви се чини дека имате што да покажете. Вашиот обид да влијаете на партнерот прилично го нервира. Задоволни сте со својот изглед.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Делувате многу обесхрабрени, особено кога станува збор за семејството, домот или за некои лица за кои сте емотивно врзани. Склони сте на мрачни мисли и малодушност. Периодов не е поволен за донесување на важни одлуки во врска со љубовта. Чувајте се од можни повреди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП