7 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДупјачанец и Велковски отстранети од подготовките на ракометната репрезентација

Дупјачанец и Велковски отстранети од подготовките на ракометната репрезентација

dupjacanec

Даниел Дупјачанец и Мартин Велковски, поради недисциплина, се отстранети од подготовките на ракометната репрезентација на Македонија.

Двајцата ракометари не се појавиле на доручекот, а потоа и доцнеле и на утринскиот тренинг, поради што Данило Брестовац им рекол да ги напуштат подготовките. Брестовац, во отсуство на селекторот Ивица Обрван, го спроведува овој дел од подготовките, додека селекторот в недела ќе и се приклучи на репрезентацијата.

Инаку македонските ракометари во вторникот, во некомплетен состав, ги започнаа подготовките за настап на ЕП во Полска. Според најавите, репрезентацијата ќе биде комплетна на 30.јануари, кога последен треба да пристигне Ацо Јоноски.

Македонија на ЕП ќе се натпреварува во А групата заедно со Франција, домаќинот Полска и Србија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП