28 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВојдан Стојановски е кошаркар на годината

Војдан Стојановски е кошаркар на годината

војдан-војдан

Репрезентативецот Војдан Стојановски е најдобриот кошаркар на Македонија за 2015 година, во изборот на Македонската кошаркарска федерација.

Војдан, играч на Морабанк Андора, поради клупски обврски, не беше присутен на свечената церемонија, па наградата ја прими неговиот брат близнак Дамјан, кој беше лауреат на МКФ за 2014 година.

Кај дамите за најдобра кошаркарка е прогласена Едина Муса.

МКФ ги додели и другите награди: најдобар млад кошаркар, односно кошаркарка се Љубомир Младеновски и Ана Марија Шеќеровска, додека најдобри екипи во млaдинска конкуренција се МЗТ (машка) и Струга 2009 (женска).

Најдобри тренери во младинските категории се Срѓан Дамјановски и Влатко Мирковски.

Кај сениорите за најдобри се прогласени МЗТ (машка) и Бадел 1862 (женска).

Наградите за најдобри тренери во сениорска конкуренција ги понесоа Страшо Тодоровиќ и Перо Стамески.

Награда доби и Александар Милојевиќ како најдобар македонски судија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП