1 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАБА лига: МЗТ славеше против Партизан

АБА лига: МЗТ славеше против Партизан

aba_league_logo1

Кошаркарите на МЗТ славеа над белградски Партизан со 82:78, во натпревар од 16.коло, во регионалната АБА лига. Тренерската смена позитивно влијаеше врз играчите на македонскиот шампион, за кои триумфот над „црно-белите“ беше трет во низа.

Избраниците на Јончевски беа тие што го диктираа ритамот, иако на противникот му дозволија два пати да се врати во мечот: најпрвин во првиот дел испуштија предност од 10 поени, а во последната четвртина и предност од 11 поени.

Сепак во финишот, МЗТ покажа нов квалитет и успеа да излезе како победник.

Урош Луковиќ со 20 поени и осум скокови го предводеше МЗТ, Ѓорѓе Дреновац постигна 17 поени, а Дамјан Стојановски уфрли 12 кошеви. Американецот Џамар Вилсон (21 поен, 4 скока) беше најдобриот играч на Партизан.

МЗТ по 16 натпревари има скор од седум победи и девет порази, додека Партизан има еден триумф помалку.

Во наредното коло, на 28.декември, МЗТ ќе игра во Скопје против Мега Лекс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП