18 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОFIS ги забрани беспилотните летала на трките во Светскиот куп

FIS ги забрани беспилотните летала на трките во Светскиот куп

инцидент-дрон-ски

Меѓународната скијачка федерација (FIS) ќе ги забрани беспилотните летала кои носат камери на трките во Светскиот куп. Одлуката е донесена по инцидентот, кој во вторникот, се случи на ноќната трка во Мадона ди Кампиљо, кога дронот се сруши на патеката само неколку десетинки откако на тоа место помина Марсел Хиршер.

Директорот на трките, на FIS, Маркус Валднер рекол дека беспилотните летала ќе бидата забранети се додека тој е одговорен за трките во Светскиот куп бидејќи биле „лоши за безбедноста“.

Дронот со телевизиска камера падна веднаш зад Хиршер додека тој ја минуваше патеката, во втората слаломска трка во Мадона ди Кампиљо.

За среќа инцидентот со дронот мина без последици по Хиршер, кој успешно ја заврши трката на второто местп зад победникот Хенрик Кристоферсен од Норвешка.

Компанијата која е одговорна за дронот, маркетинг агенцијата Инфронт, соопшти дека ги истражува причините за падот на беспилотното летало.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП