7 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЧовекот кој прв го победи Надал на РГ замина во пензија

Човекот кој прв го победи Надал на РГ замина во пензија

robin-soderling-rafael-nadal-roland-garros_3391628

Шведскиот тенисер Робин Содерлинг објави крај на кариерата. Содерлинг не настапуваше на турнирите од 2011 година кога му беше дијагностицирана мононуклеоза. Последниот настап го имаше на турнирот во Бостад во 2011 година, каде ја освои титулата.

Содерлинг ќе остане запаментен во светот на тенисот како првиот човек кој успеал да го победи Рафаел Надал на Ролан Гарос (2009 година), а подоцна загуби во финалето од Роџер Федерер.

Наредната година му се реваншираше на Федерер на истиот турнир со победата во четвртфиналето, со што ја прекина низата на Швајцарецот од 23 пласмани во полуфиналињата на турнирiте од Грен слем серијата.

Шведскиот тенисер, чии најдобар пласман на АТП листата е четвртото место, неколку пати се обидуваше да се врати на терените, но поради проблеми со вируси во неговото тело не можеше да ги издржи физичките напори.

„Верував дека можам да му се вратам на елитниот тенис, но дури сега сфатив дека никогаш нема да бидам доволно добар за да играм на нивото кое го посакувам“, напишал 31-годишниот Содерлинг.

„Ова е тажна одлука. Требаше повеќе да го слушам своето тело, на тој начин ќе ја избегнев болеста, но од друга страна, сега е лесно да се биде паметен. Тенисот е спорт кој секогаш бара да го дадете максимумот. Можам со гордост да гледам на својата кариера и да кажам дека бев успешен“, додава.

Робин Содерлинг во кариерата освоил 10 титули на АТП турнирите, исто така тој два пати играл во финалето на Ролан Гарос во 2009 и 2010 година, кога бил четвртфиналист на УС Опен. Четвртфиналето му е најдобар резултат на Вилблдон (2010), додека на Австралија Опен никогаш не стигнал подалеку од четвртото коло.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП