21 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМурињо нема преговарано со Манчестер Јунајтед

Мурињо нема преговарано со Манчестер Јунајтед

Jose-Mourinho-United-main

Менаџерот на Жозе Мурињо, Жорж Мендеш, ги демантира пишувањата на англиските медиуми дека неговиот клиент ќе го наследи Ван Гал на клупата на Манчестер Јунајтед.

Веднаш по отказот што го доби Мурињо во Челзи, медиумите во Англија започнаа да пишуваат дека токму тој ќе пристигне на „Олд Трафорд“, како замена за Ван Гал, чија иднина во Јунајтед е крајно неизвесна.

Според истите извори, Ван Гал од челниците на Јунајтед добил ултиматум дека мора да победи на наредните две средби, против Стоук и Челзи, доколку сака да остане во клубот.

„Не постои никаква официјална понуда, не постои никаков договор. Не знаеме што ќе се случува во иднина“, рекол Мендеш.

Сепак, најмоќниот фудбалски менаџер во светот, не негирал дека Мурињо сака да работи во Манчестер Јунајтед, како и дека имало неофицијални разговори меѓу неговиот клиент и претставници на „црвените ѓаволи“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП