30 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСимеоне: Немам намера да го напуштам Атлетико

Симеоне: Немам намера да го напуштам Атлетико

Diego-Simeone-Atletico-Madrid-coach-Champions-league

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, истакна дека нема намера да го напушти тимот од „Винсенте Калдерон“.

Медиумите во Англија и Шпанија започнаа да го поврзуваат Симеоне со Челзи, откако Жозе Мурињо доби отказ на „Стенфорд Бриџ“.

„Нема да биде лесно да се напушти Мадрид, овде сите сме како едно големо семејство. Сакаме да направиме нешто од овој клуб и се наоѓаме да добар пат тоа да го реализираме. Постојано ме поврзуваат со Челзи, но јас навистина немам намера да го напуштам Атлетико“, рекол Симеоне.

По 16 натпревари во Примера, Атлетико се наоѓа на второто место на табелата со 35 бодови, колку што има и Барселона на првото место. Во наредното коло екипата на Симеоне, на 30 декември, ќе игра против Рајо Ваљекано.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП