8 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКеј Си Риверс се врати во Реал

Кеј Си Риверс се врати во Реал

rivers bm

Американецот Кеј Си Риверс, по само три месецa го напушти Баерн Минхен и се врати во редовите на Реал Мадрид. Риверс минатата сезона со Реал ја освои титулата во кошаркарската Евролига.

Риверс се реши да се врати во Мадрид, откако Баерн не успеа да избори пласман во Топ 16 фазата во Евролигата. Американецот со Реал потпиша договор до крајот на сезоната.

Риверс во текот на првата фаза во Евролигата, во дресот на Баерн имаше учинок од 10,8 поени, 2,3 скока и 1,3 асистенции по натпревар.

Покрај во Реал и Баерн, Риверс во текот на кариерата настапувал во Латина, Бенетон, Роан, Виртус, Локомотив Кубан и филијалата на Сакраменто, Рино.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП