19 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОНБА: Победија Лејкерси, Детроит, Торонто и Мемфис

НБА: Победија Лејкерси, Детроит, Торонто и Мемфис

robi 3345

Пресвртите коишто ги направија кошаркарите на ЛА Лејкерс против Денвер, односно кошаркарите на Детроит против Мајами, 11-от последователен пораз на Филаделфија и победата на Торонто над Далас, ја одбележаа скормната понуда во НБА лигата.

ЛА Лејкерси ја запишаа петтата победа во сезоната, откако славеа над Денвер со 111:107. Коби Брајант го предводеше тимот со 31 поен, три скока и пет асистенции. Покрај тоа, Коби одигра одлична одбрана врз Вил Бартон кому во второто полувреме му дозволи да постигне само два поена. Инаку, Бартон со 25 поени беше најефикасниот играч на Денвер.

Денвер во еден момент имаше предност од 21 поен, но десеткуваниот состав без повредените Хиксон, Мидијеј, Галинари и Чендлер, не успеа да го избегне поразот.

Мајами против Детроит водеше со 18 поени, но Пистонси благодарение на брилијантниот шут за три поена (15/29) се вратија во натпреварот и забележаа минимална победа 92:93, со поените на Колдвел-Поуп.

Реџи Џексон со 18 поени беше најефикасен кај Детроит, додека Хасан Вајтсајд со 16 поен, исто толку скокови и четири блокади го предводеше Мајами. Ветераните Крис Бош и Двејн Вејд постигнаа 20, односно 19 поени.

Првата четвртина која Торонто против Далас ја доби со 32:16 го одреди конечниот победник на овој дуел. Торонто, предводен од Демар Дерозан (28 поени), славеше над Далас со 103:99.

Филаделфија има нова негативна серија порази, откако ги загубија првите 18 мечеви на стартот од сезоната, забележаа една победа, а сега се наоѓаат во низа од 11 загубени натпревари.

Сиксерси имаа 26 загубени топки што им овозможи на кошаркарите од Мемфис да забележат рутинска победа (90:104).

Марк Гасол постигна 19, а Мајк Конли 18 поени за Мемфис.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП