25 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФранцузинките Дембеле и Лејно си одат од ЖРК Вардар

Французинките Дембеле и Лејно си одат од ЖРК Вардар

dembele lejno 98

Француските репрезентативки во редовите на ЖРК Вардар, Сираба Дембеле и Амадин Лејно, по завршувањето на сезоната ќе го напуштат клубот.

Дембеле пред 20-ина дена најави дека ова ќе биде последната сезона во „црвено-црниот“ дрес, кој го носи од 2013-та година, а нејзина нова дестинација ќе биде амбициозниот руски тим од Ростов на Дон.

Од друга страна, Лејно француските и унгарските медиуми ја селат во една од најдобрите европски екипи, унгарски Ѓер.

Покрај Дембеле и Лејно, најавено е дека Вардар по завршувањето на сезоната ќе го напуштат уште неколку ракометарки: Лекиќ, Сокач, Лазовиќ, Алтхаус, што значи дека во сезоната 2016/2017 најдобриот македонски тим ќе влезе со целосно нов состав.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП