18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСлаломска победа за Кристоферсон

Слаломска победа за Кристоферсон

kristoferson

Норвежанецот Хенрик Кристоферсен победи на ноќниот слалом во Мадона до Кампиљо, а трката ја обележа инцидентот со дронот кој го имаше Марсел Хиршер. Кристоферсен до втората победа оваа сезона, вкупно шеста во кариерата, дојде со време од 1:37.80 минути.

Кристоферсен по првата трка стекна една секунда предност пред Хиршер и успеа да ја сочува во втората трка. Хиршер на крајот имаше за една секунда и 25 стотинки послабо време од Норвеженецот.

Австриецот имаше многу среќа на патеката, откако успеа да го избегне дронот со камера, кој падна веднаш зад него додека тој се наоѓаше на патеката.

Трет на целта стигна младиот Австриец Марко Шварц.

Хиршер е водечки во генералниот пласман во светскиот куп со 623 бода, три повеќе од Аксел Лунд Свиндал. Во слаломскиот пласман лидер е Кристоферсен со 200 бодови, пред Хиршер кој има 160.

Светскиот куп продолжува на 29. декември во Санта Катерина, кога најдобрите светски скијачи ќе возат спуст.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП