28 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРакометарите стартуваа со подготовките за ЕП

Ракометарите стартуваа со подготовките за ЕП

makedonija-rakomet2-520x330

Ракометната репрезентација на Македонија, во вторникот, ги започна подготовките за на настап на Европското првенство, кое од 15. до 31. јануари наредната година ќе се одржи во Полска.

На првата прозивка, поради обврски кон своите клубови, отсуствуваа неколку играчи (Лазаров, Ристовски, Миркуловски, Јоноски, Георгиевски…), тие на националниот тим ќе му се приклучат во наредните денови, а последен ќе пристигне Ацо Јонски кој на 29. декември има натпревар во Бундеслигата. Првиот собир, поради приватни причини го пропушти и селекторот Ивица Обрван.

Македонија на ЕП во првата фаза ќе игра во силната А група, против светскиот првак Франција, домаќинот Полска и Србија. Мечот против Србија според прогнозите ќе биде клучен за пласман во наредната рунда.

„Ќе се подготвуваме и ќе го дадеме максимумот за да се прикажеме во добро светло. Да бидеме реални и во тие два натпревари (Франција, Полска) што и да направиме, каков резултат да извлечеме, сепак за нас финале ќе биде натпреварот со Србија. Мислам дека токму на последниот натпревар треба да го ставиме акцентот на ова ЕП“, рече помошникот на селектор Обрван, Данило Брестовац.

Македонските ракометари, како дел од подготовките ќе одиграат по два натпревари со Словенија (4. и 5.јануари) и Црна Гора (10. и 11.јануари).

„Кога ги избиравме противниците за овие пријателски натпревари имавме понуди од повеќе репрезентации, но сепак предност добија Словенија и Црна Гора поради тоа што слично како и нашите противници во групата во Полска, најчесто во одбраната ја практикуваат зоната 6-0“, најави Обрван.

Европското првенство во Полска ќе биде едно од последните големи натпреварувања за оваа генерација македонски ракометари која во 2011 година на првенството во Белград го освои петтото место.

„Се надевам дека научиме од грешките во минатото. Пред секое ЕП говориме дека ова е последна шанса, но сега навистина е така, мислам на ова првенство и на квалификациите за ОИ доколку се пласираме. Секоја година сме сé постари, знам многу луѓе кои сакаат да се пензионираат, мислам дека ова е таа последна шанса и мислам дека сме зрели да го повториме успехот од Србија. За групата во која се наоѓаме некои викаат дека е тешка, некои дека е лесна, мое мислење е дека со сите можеме да играме. Но сепак јасно е дека што и да се случи претходно финалето ќе биде со Србија, нив мора да ги победиме. Ова е шансата на оваа генерација да ги видиме Олимписките игри и се надевам дека нема да разочараме“, рече пикерот на националниот тим, Стојанче Стоилов.

Ракометарите подготовките ќе тренираат два пати дневно, по паузата за новогодишните празници на 3. јануари ќе заминат за Словенија, каде со домаќинот ќе одиграа две контролни средби, потоа се враќаат во Скопје каде на 10. и 11. јануари ќе гостува Црна Гора.

Репрезентацијата за Полска ќе замина на 13.јануари, а на 15.јануари од 18 часот ќе го одиграат првиот меч во А групата против Франција, потоа следуваат натпреварите со Полска (17.јануари, 20:30 ч) и Србија (19.јануари, 18:15 ч).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП