4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИџе спортист на Град Скопје за 2015 година

Иџе спортист на Град Скопје за 2015 година

иџе-град-скопје

Двократниот европски првак на ридски патеки, Игор Стевановски – Иџе е прогласен за најдобар спортст на Град Скопје за 2015 година.

Во традиционалниот избор на Град Скопје и Сојузот на спортови на Скопје, покрај автомобилистот Стефановски со награди се закитија: Марио Мицковски (најуспешен спортист лице со посебни потреби), Петар Заборски (најуспешен спортист во младинска категорија), Арпад Штербик (најуспешен спортист странец), ЖРК Вардар (најуспешна спортска екипа) и Мирче Јанушевски од карате клубот Металург (најуспешен тренер).

Лауреатот за 2015 година, Стефановски, оваа година ја одбрани титулата во европскиот шампионат на ридски патеки. Тој имаше импресивна сезона, победувајќи на девет од 12-те трки.

„Секој спортист се докажува во својата област, честитки до сите кои добија награди. Ова што ние го направивме во изминатите две години, особено во 2015 година и одбраната на титулата дека направивме историски резултат во Европа.“, рече Стефановски.

Двете титули на кружни патеки му ја донесоа поканата на Стефановски за настап во атрактивниот европски шампионат на кружни патеки, но финансискиот момент ќе реши дали тој ќе настапи во ова првенство или ќе остане во класата каде е неприкосновен во последните две години.

„Сеуште сме во потрага по финансии, ова е сепак скап спорт. Се надевам дека доколку ги собереме ќе успееме и на кружните патеки да направиме одлични резултати, но доколку не успееме тогаш ќе ја браниме титулата на ридски патеки и дека ќе успееме да ја одбраниме со што би влегле во историјата, бидејќи никој досега три пати последовно не ја освојувал титулата“, дополни најдобриот спортист на Град Скопје за 2015 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП