21 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДурeнт „меч винер“ во ЛА

Дурeнт „меч винер“ во ЛА

durent 398

Кевин Дурент со поените постигнати на пет секунди до крајот на мечот го реши дербито во НБА лигата помеѓу ЛА Клиперс и Оклахома (99:100). Победата над Клиперси беше 11-та на последните 14 натпревари за кошаркарите на Оклахома.

Дурент на пет секунди до крајот на дербито одиграно во „Стејплс центар“ во ЛА погоди за два поени, а потоа во последниот напад го блокираше шутот на Крис Пол. Мечот го заврши со 24 поени, девет скокови и седум асистенции. Најпрецизен кај Оклахома беше Реасел Вестбрук со 33 поени.

Кај Клиперси, кои сезонава имаат големи проблеми со повредите на одредени играчи, најефикасен беше Крис Пол со 32 поени и 10 асистенции.

Сан Антонио против Индијана победи со 106:92 и го запиша 16-от триумф, во исто толку натпревари на домашен терен оваа сезона. Кави Ленард уфрли 24 поени во нападот, а во одбраната го лимитираше најдобриот играч на Индијана Пол Џорџ на само седум поени.

Џејмс Харден постигна 36 поени во победата на Хјустон над Шарлот (102:95). Хјустон прв пат од стартот на сезоната успеа да победи на три натпревари во низа.

Резултати: Вашингтон-Сакрамнето 113:99, Чикаго-Бруклин 102:105. Атланта-Портланд 106:97, Хјустон-Шарлот 102:95, Бостон-Минесота 113:99, Њујорк-Орландо 99:107, Сан Антонио-Индијана 106:92, ЛА Клиперс-Оклахома 99:100.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП