27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИEricsson и Apple потпишаа договор за соработка

Ericsson и Apple потпишаа договор за соработка

ericsson apple tet

Шведската компанија „Ericsson AB“ и американскиот гигант „Apple Inc.“ постигнаа 7-годишен договор за соработка, што става крај на нерешените судски постапки за патенти, пренесоа американските медиуми.

„Ericsson“, најголемиот производител на безжичната опрема во светот, најави дека двете компании ќе соработуваат во иднина, вклучувајќи во развојот на телефони од петта генерација (5G), како и при видео и безжични мрежи.

Како дел од договорот, „Apple“ ќе направи почетно плаќање кон „Ericsson“, проследено со процент од приходите.

Сепак, конкретни суми не се наведуваат.

Договорот ги вклучува и противтужбите за лиценци кои покриваат патенти во сопственост на двете компании. Меѓу нив се стандардните „GSM“, „UMTS“ и „LTE“ кои се користат во мобилната технологија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП