28 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОХамилтон открил дека е дислексичен

Хамилтон открил дека е дислексичен

122115_motor_hamilton_dyslexic.vadapt.955.high.97

Трикратниот светски првак во Формула 1, Луис Хамилтон, открил дека е дислексичен, одговарајќи на прашања на деца, во интервју за Штутгартен Цајтунг.

Дислекција е пореметување на способноста на читањето и разбирање на прочитаното, а многу често се карактеризира со превртување на буквите.

На прашањето како му било на училиште Британецот рекол: „Бидејќи сум дислексичен имав проблеми. Исто така во петоците пропуштав многу часови бидејќи за викендите имав трки. Училиштетот не ми беше многу забавно“.

Децата ги интересирало и да го спореди својот талент со оној на клупскиот колега Нико Розберг.

„Тоа е тешко да се објасни. Нико е одличен во подесувањето на болидот и има одлично чувство како болидот треба да се развива. Јас сум најсилен кога е во прашање сопирањето. Мислам дека сме многу различни“, истакнал Хамилтон.

Британецот истакнал дека кога ќе заврши со кариерата во Формула 1 ќе го остави зад себе авто мото спортот.

„Дефинитвно нема да имам никаква врска со тркањето. Ги сакам децата, поради тоа би сакал да изградам школи за сиромашни деца, каде тие ќе можат да добијат добро образование, лично знам колку е тоа тешко“, дополнил светскиот шампион во Формула 1.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП