20 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДруловиќ доби отказ, Томиќ нов тренер на Партизан

Друловиќ доби отказ, Томиќ нов тренер на Партизан

tomik444

Поранешниот македонски селектор Љубинко Друловиќ по само два месеци доби отказ о белградски Партизан, а привременото раководство, за негов наследник го именуваше Иван Томиќ, кој е поранешен играч и спортски директор на `црно-белите`.

Друловиќ не ги исполни очекувањата на клубот, не ја подобри играта на Партизан, а не успеа да мине и во втората фаза во Лига Европа.

Томиќ ќе биде третиот тренер на Партизан од почетокот на сезоната по Зоран Милинковиќ и Љубинко Друловиќ.

Изминатите неколку месеци Томиќ беше тренер на Телеоптик, а како играч беше дел од овој клуб во периодот од 1993 до 1998 и од 2004 до 2007 година. Во кариерата има настапувано за Рома, Депортиво Алавес и Рајо Ваљекано.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП