
Фудбалерот на Челзи Немања Матиќ во понеделник ги демантираше медиумските шпекулации дека бил еден од играчите што го саботирале тренерот Жозе Мурињо.


Фудбалерот на Челзи Немања Матиќ во понеделник ги демантираше медиумските шпекулации дека бил еден од играчите што го саботирале тренерот Жозе Мурињо.
„Со Мурињо поминав две прекрасни години и за него секогаш ќе ме врзуваат убави спомени. И јас неколку пати прочитав дека сум во лоши односи со Мурињо. Тоа веројатного напишале некои идиоти и не ми е јасно како јас се најдов во сета таа приказна. За тоа разговарав со Мурињо и обајцата се смеевме на таквите написи“, изјави Матиќ во Стара Пазова, откако вторпат по ред е прогласен за најдобар фудбалер на годината во Србија.
Покрај Матиќ, британските медиуми како главни ‘саботери’ ги означија уште и Фабрегас, Азар и Диего Коста.