17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКевин-Принс Боатенг се врати во Милан

Кевин-Принс Боатенг се врати во Милан

1885

Фудбалерот за врска на репрезентацијата на Гана Кевин-Принс Боатенг (28) се враќа во тимот на Милан, и тоа како слободен играч, објави во понеделник италијанскиот фудбалски прволигаш.

Боатенг кариерата ја започна во Херта, потоа беше во Тотенхем, Портсмут, а во 2010 година стигна во Милан, каде што мина три успешни сезони. Но, во 2013 година за 10 милиони евра потпиша за Шалке.

Првата година во Шалке му беше многу успешна, но минатата сезона значително му се намали минутажата, па во мај дојде до спогодбено раскинување на договорот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП