Трумфот на Норвешка над Холандија во финалето на 22-то Светско првенство во ракомет за жени (31:23), ја реши и дилемата околу составите на квалификациските турнири за пласман на Олимписките игри во Рио де Жанеиро.
Три квалификациски турнири на кои ќе учествуваат по четири селекции, а од кои по две најдобри ќе изборат настап на ОИ, ќе се одиграат од 17-ти до 20-ти март наредната година.
Групата 2 е најтешка, бидејќи за две места, покрај аутсајдерот Уругвај, ќе се борат Романија, Данска и Црна Гора.
Група 1: Холандија, Франција, Јапонија, Тунис
Група 2: Романија, Данска, Уругвај, Црна Гора
Група 3: Русија, Шведска, Полска, Мексико
Пласман на ОИ во Рио де Жанеиро обезбедија веќе шест репрезентации: Бразил, Норвешка, Шпанија, Ангола, Аргентина и Јужна Кореја.