2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМакедонија ќе добие спортски амбасадори

Македонија ќе добие спортски амбасадори

sport 30099

Кирил Лазаров, Андон Дончевски, Јошко Миленковски и Агим Ибраими први ќе ја понесат титулата на македонски спортски амбасадори, која согласно измените во Законот за спорт, ќе започне да се доделува од оваа година.

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески, информира дека во иднина секоја година Македонија ќе има минимум по двајца-тројца спортски амбасадори. Тој дополни дека размислувањата одат во насока спортските амбасадори да добијат дипломатски пасош.

Инаку, Агенцијата за млади и спорт и Сојузот на спортски федерации, в среда, во Македонскиот народен театар по 61-ви пат ќе ги избере најдобрите спортисти за годината што изминува.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП