27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВан Гал доби две шанси да ја задржи работата

Ван Гал доби две шанси да ја задржи работата

luki van gal

Челниците на Манчестер Јунајтед ќе му врачат отказ на менаџерот Луј ван Гал доколку тимот не успее да забележи победи на наредните две средби, против Стоук и Челзи, пренесуваат англиските медиуми.

Манчестер Јунајтед не успеа да обезбеди пласман во осминафиналето во Лигата на шампионите, додека во Премиерлигата се наоѓаат на петтата позиција со девет бодови помалку од лидерот Лестер.

Тимот на Ван Гал е без победа на последните четири натпревари во Премиерлигата, односно нема победа на последните шест натпревари во сите натпреварувања.

Во анкетата на Mirror дури 89 отсто од навивачите на Манчестер Јунајтед се изјасниле дека Ван Гал треба да си замине од клубот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП