9 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМалага ја прекина серијата на Атлетико

Малага ја прекина серијата на Атлетико

_87313287_malagavatleticomadrid

Фудбалерите на Малага ставија крај на серијата од 15 натпревари без пораз на Атлетико Мадрид, откако во 16.коло во Примера, на домашен терен славеа со 1:0.

Малага ја забележа четвртата победа во првенството, додека Атлетико со третиот пораз ја испушти можноста да се издвои на чело на табелата.

Атлетико по поразот од Бенфика во Лигата на шампионите, на 30.септември, имаше серија од 15 натпревари без пораз или до мечот во Малга девет победи во низа, но серијата беше прекината на „Ла Росаледа“.

Единствениот гол на мелот го постигна Чарлс во 86.минута, откако топката по неговиот удар кој не одеше во голот, го закачи Годин и заврши зад грбот на Облак.

Атлетико 40-тина минути играше со фудбалер помалку, откако Габи доби два жолти картони во само пет минути. И со играч помалку ’јорганџиите’ имаа две добри шанси но Фернандо Торес не успеа да поентира.

Барселона со меч помалку и Атлетико на врвот имаат по 35 бода, два повеќе од Реал и четири од Селта.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП