5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМВП признание и Куп титула за Кире Лазаров

МВП признание и Куп титула за Кире Лазаров

1450632955_866119_1450642029_noticia_grande

Кире Лазаров освои уште еден трофеј, 48-ми во неговата кариера, откако со Барселона триумфираше во АСОБАЛ Купот. Барселона во финалето славеше над ЛА Риоха со 35:31.

Ла Риоха одигра одлично во првото полувреме, на моменти имаше четири голови предност, Барселона успеа да израмни на 18:18 во финишот на првиот дел, а во второто полувреме успеа да ја оправда улогата на апсолутен фаворит.

Лазаров со десет голови ја предводеше Барселона до победата, додека Жалуз постигна седум.

Она што Лазаров го демонстрираше на турнирот во АСОБАЛ Купот беше доволно за тој да го понесе МВП признанието за најкорисен играч.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП